Сафет Хамза (47) од Кавадарци доби затворска казна од 20 години, откако на 15 ноември 2021 година го уби својот сограѓанин Зулфи Паша.
Како што соопштија тогаш од ОЈО Кавадарци, на 15 ноември 2021 година во околу 23.30 часот, по претходна караница на Хамза со друго лице, Паша се обидел да ги смири.
Хамза притоа го удрил Паша со дрво по главата и го турнал на подот, а потоа го избодел со нож во пределот на градите.
Од здобиените повреди, на пат кон итната медицинска помош лицето починало, а потоа Хамза бил уапсен од полицијата.