Нов ужас во Белград: Избодено со нож младо момче

Во Земунската населба Алтина, Белград, денеска околу 15 часот и 30 минути дошло до посериозен инцидент.

Според неофицијални информации, 20-годишно момче е рането при убод со нож, кое е веднаш пренесено во болница, објавија српските медиуми.

Според неофицијални информации, на момчето му пришле две помлади лица и една девојка, а потоа еден од нив извадил нож и го избодело момчето. Мотивот за нападот се уште не се познати.

Полицијата ги идентификувала сторителите, а според неофицијални информации станува збор за малолетни лица.

И вчера имаше пукање во белградската населба Врачар.

Инцидентот се случил околу 19 часот и 40 минути на улицата „Максим Горки“, кога било застрелано 26-годишно момче,

а на улицата „Новопазарска“ во истата населба е пронајдено уште едно момче со прострелни рани, кон кое било пукано исто така на улицата „Максим Горки“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде