Славчо Поповски испрати предупредување: Бидете крајно претпазливи, постои опасност од локални поплавувања!

„Во следните денови се поизразена ќе биде нестабилноста во Македонија, а ќе има и се почести поројни врнежи од дожд на МНОГУ МЕСТА.

Нашата територија до првите денови од месец јуни ќе се наоѓа под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот, како и на влажна и на нестабилна воздушна маса. Времето ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди.

Од пладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. 

Поради големата енергија во Атмосферата, локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град.

Во периодот пред нас, врнежите повремено ќе бидат ДОСТА ИНТЕНЗИВНИ и локално се очекува да наврне ЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог (над 60 л/м2).

Токму поради ова постои опасност од локални ПОПЛАВУВАЊА, АПЕЛИРАМЕ граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ.

Во Скопје  и околината исто така ќе има честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на НЕВРЕМЕ во делови од котлината.

Температурите ќе бидат околу просекот за овој период од годината, и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 26 степени, што значи за првиот поизразен топол Африкански бран и понатаму ќе се изначекаме“ вели Славчо Попоски. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде