Гостивар попладнево го зафати силно невреме со пороен дожд, грмежи и град со големина на лешник, пренесе Гостивар прес.
Бурата почна околу 14 часот и 15 минути и по половина час се уште трае.
Интензивните поројни врнежи ги полнат улиците со вода. Граѓани пешаци кои се најдоа затекнати од невремето побрзаа да се сокријат на безбедно најблиску што можат, а возачите да се снајдат до првото паркинг место.
УХМР најави дека нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер владее и утре (петок), особено во попладенвните часови.
Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер и услови за појава на град.
Фото: ТУКА