Уредникот на Радио Лидер Љупчо Златев анализира зошто од март до мај Димитар Апасиев успеа на Левица да и изгуби над 20.000 гласови, при што според Златев од 4.5% рејтингот им паднал на 3.3%.
,,Очигледно кампањата за разобличување на овој политичар шарлатан вродува со плод и полека дава резултати.
Порано тој имаше драматично повидок рејтинг од оној на партијата Левица, сега истиот станува товар за неговата партија и неговиот личен рејтинг не отскокнува од оној на партијата”, пишува Златев кој дава пет причини зошто се случува падот на рејтингот на Левица:
1. Апасиев влезе во комбинација со Данела Арсовска. Коалиција која ја покажува неискреноста на Левица.
2. Апасиев влезе во бизнис дилови во Карпош, каде неговите советници го гласаа ДУП-от. Чин кој ја покажува корумпираноста.
3. Апасиев не понуди ниту едно решение за ништо и се глупораше со глупави слогани од типот “Заедно ќе висите”. Чин кој ја покажува безидејноста.
4. Брутално ги шиканираше сите кои барем малку ги критикуваа неговите политики. Чин кој ја покажува неговата суета и тоталитарност.
5. Отиде на гробот на Енвер Хоџа. Чин кој ја покажува неговата забеганост.
Според Златев доколку продолжи трендот, за Левица ќе биде одличен резултат да ги повторат гласовите од последните избори.