Светот утрово го разбуди страотна вест: Во судир на патнички и товарен воз загинаа најмалку 288 луѓе

Најмалку 288 луѓе загинаа, а уште 850 се повредени во судирот на возови во индиската држава Одиша, изјави за AFP официјален претставник на Одиша, при што Ројтерс наведува дека станува збор за најсмртоносната железничка несреќа во Индија во повеќе од две децении.

Судханшу Саранги, началник на противпожарната служба во Одиша, рече дека опоравувањето на жртвите се уште е во тек и дека има многу посериозни повреди, пренесува Ројтерс.

Главниот секретар на Одиша Прадип Јена објави на Твитер дека повеќе од 200 амбулантни возила се повикани на местото на несреќата во областа Баласоре во Одиша и дека се мобилизирани дополнителни 100 лекари, покрај 80-те што веќе се таму.

„Спиев. Ме разбуди бучавата на возот кој излета од шините. Одеднаш видов 10-15 мртви.

Успеав да излезам од вагонот, а потоа видов многу распарчени тела”, рекол неидентификуваниот маж кој преживеал.

Видео снимката покажува како спасувачите се качуваат на страната на еден од оштетените возови за да најдат преживеани, додека патниците врескале за помош и плачеле.

Судирот се случил вчера околу 19 часот по локално време (15:30 по средноевропско време).

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде