Тешка сообраќајна несреќа, две лица итно пренесени во болница

Вчера во 18.30 часот било пријавено дека на регионалниот пат Струмица-Берово, на делницата помеѓу селата Дабиље и Петралинци,

во близина на крстосницата за село Сарај, патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 62-годишниот Д.К. од село Двориште, излетало надвор од коловозот, извести МВР.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатничката К.К.(58) од с.Двориште, констатирани во Медицинскиот центар Струмица, извести МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде