Премиерот Димитар Ковачевски ми предложи ВМРО-ДПМНЕ да влез во Влада со пет од 10-те ресори со кои сег араководи СДСМ како услов да ги поддржиме уставните измени, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по лидерската средба во Клубот на Пратениците.
Тој повтори дека под бугарски диктат нема да поддржи уставни измени.
„Разговаравме за предлозите што ги даде Ковачевски, од кои би издвоил еден: тој предложи во рамките на парламентот да почне и се отвори дискусија,
со двотретинско мнозинство да се изгласа потребата за промена на Уставот, а потоа да биде формирана влада, во која од десетте ресори што ги менаџира СДСМ, пет да ѝ бидат дадени на ВМРО-ДПМНЕ, да бидат завршени уставните измени, да почне процесот на преговори а потоа да бидат затворени поглавјата едно, две, три, во зависност од брзината,
а таа влада да оди на парламентарни избори. На ова јас одговорив дека е во ред, ја разбирам понудата и за неа го имам следниот став:
ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да влезе во Владата со СДСМ, но без учество на ДУИ во таа Влада“, рече Мицкоски.