Премиерот Димитар Ковачевски е задоволен од лидерската средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со оглед на фактот што се променил ставот на лидерот на опозицијата.
Мицкоски му посочил на Ковачевски дека не е против влезот на Бугарите во Уставот, открива премиерот.
Мицкоски ова го потврди и во своето обраќање пред медиумите посочувајќи дека прифатил да учествува во широка коалиција со СДСМ и на уставни измени кои би се спровеле откако ќе влеземе во Европската Унија, а единствен услов кој го поставил Мицкоски е ДУИ да биде надвор од таа Влада.
„Разговаравме за предлози кои што ги даде Ковачевски, од кои би издвоил еден: тој предложи да во рамките на парламентот отпочне дискусија и се отвори, се изгласа потребата со 2/3 за промена на Уставот, а потоа да биде формирана Влада во која од десетте ресори кои ги менаџира СДСМ,
пет да бидат дадени на ВМРО-ДПМНЕ, да бидат завршени уставните измени, да отпочне процесот на преговори за кои пред една година не убедуваа дека е почнат, а потоа да бидат затворени 1,2,3 поглавја зависно од брзината, а таа Влада да оди на парламентарни избори.
На оваа понуда беше даден одговор: во ред, ја разбирам понудата и за истата го имам следниот став. ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да влезе во Влада со СДСМ, но без учество на ДУИ во таа Влада“, кажа Мицкоски.