Силно невреме го зафати Делчево, информира попладнево Центарот за управување со кризи. Невремето со силни налети на ветер, проследено со врнежи од дожд и град, започнало околу 16:30 часот.
Според првичните информации, предизвикана е значителна материјална штета – поплавени се десетина објекти – деловни згради, куќи, дворови и подруми,
а градот со големина на лешник опустоши дел од младите овошки и од земјоделските и градинарските култури во Делчево и околината.
Од ЦУК велат дека според прогнозите, дождот во следните часови ќе престане, а нивните екипи се подготвени за излезат на терен и да помогнат во санирањето на последиците.