По кратко боледување во 45 година од животот почина претседателот на ССМ, Дарко Димовски.
Колегите, соработниците и работниците ќе го паметат како голем борец за работничките права кој остави длабок белег во синдикалното и работничкото движење на Македонија.
Премиерот Ковачевски преку Фејсбук пост се прости од Димовски.
„Со огромна жал ја примив веста за прераната смрт на Дарко Димовски, претседателот на ССМ. Изразувам најдлабоко сочувство до неговото семејство, колегите и пријателите.
Неговата посветеност на борбата за правата на работниците беше исклучителна, а неговата вклученост во синдикалното и работничкото движење остави неизбришлива трага која и понатаму ќе е пример за посветена и успешна работа.
Со неговата отвореност, прагматичност и подготвеност за дијалог успеа да направи историски исчекор и напредок кој и во годините кои доаѓаат ќе обезбеди подобар квалитет на живот за сите работници во државата.
Слава му!, напиша Ковачевски.
Погребот ќе биде утре во 13 часот, а пријателите, соработниците, работниците, граѓаните ќе можат да се простат и да изразат сочуство од 12 часот во капела на градските гробишта Бутел