МВР извести дека вчера во полициската станица во Чаир бил извршен службен разговор со Е.З.(29) и С.З.(55), двајцата од Скопје,
затоа што околу 19.45 часот на улицата „Александар Урдаревски“ во Скопје учествувале во физичка пресметка со малолетник од Скопје.
Според пријавеното, претходно, малолетникот го оштетил возилото „БМВ“ на Е.З. и му нанел повреди со остар предмет.
По целосно расчистување и документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.