Стигна потврда: Нема амнестија во случајот „Организаторите на 27 април“

Кривичниот суд одлучи – нема амнестија за Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски, Миле Ристовски и Владимир Атанасовски за случајот „Ортанизатори на 27 април“.

Првиот човек на Судечкиот совет, судијата Илија Трпков истакна дека донел ваква одлука со која барањето за амнестија се отфрла како неосновано.

Според Јавниот обвинител од овој случај, Трајче Пеливанов, обвинетите не се лица кои ги опфаќа Законот за амнестија, и во оваа фаза, не постоела правна можност Судот да одлучува по амнестијата.

По ваквиот развој на настаните, денешното рочиште се одложи, бидејќи одбраната има можност да поднесе жалби до Апелација, а следното рочиште е закажано на 6-ти јули.

Адвокатот Еленко Миланов со спротивно мислење – тој истакна дека судот продолжува со селективна примена на Законот за амнестија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде