„Секогаш ќе остане во нашите срца, како добар колега, хуман човек и искрен пријател“ – почина Адис Алигега

Министерот за здравство Фатмир Меџити се прости од својот колега Адис Алигега.

Со огромна жал ја примивме веста за смртта на нашиот колега Адис Алигега.

Изразуваме длабоко сочувство до семејството за неговата прерана смрт. Секогаш ќе остане во нашите срца, како добар колега, хуман човек и искрен пријател.

Со почит, министер Фатмир Меџити со неговиот кабинет, напишаа на Фејсбук од Министерството за здравство.

„Нема зборови со кои може да се опише колку ми е жал. Ова предизвикува болка толку длабоко во срцето што е тешко да се најде утеха со зборови. Почивај во мир мој драг пријателе. Моето најдлабоко сочувство до семејство.“

Почивај во мир,Адис.Беше вистински пријател.Секогаш беше тука да помогнеш.Сочувство за семејството

Ми беше чест што работев со тебе! Почивај во мир….,се дел од коментари на пријателите и роднините на Адис.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде