Едно лице денеска загина во несреќа во забавен парк во Шведска, а неколкумина се повредени.
Шведските медиуми јавуваат дека во забавниот парк „Грона Лунд“, во Стокхолм, несреќата се случила на ролеркостерот, откако еден се откачил од шините и паднал на земја од височина од неколку метри.
Паркот веднаш бил испразнет.
„Ролеркостер Џетлајн“ достигнува брзина до 90 километри на час и височина од 30 метри. А со него годишно се возеле милион посетители.
Maybe accident in #grönalund #tivoli #Stockholm pic.twitter.com/ILyry41VAL
— 🎙📻🎛☮️✌️🌳✨ (@functionist) June 25, 2023