Член на Извршниот комитет: ВМРО-ДПМНЕ не е против Бугари во Уставот

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Клековски во своето гостување во „Тема на денот“ на телевизија Сител истакна дека неговата партија не е против влез на Бугарите во Уставот и останатите малцинства.

-Jaс деновиве неколку пати кажувам, ВМРО-ДПМНЕ не е против Бугари во Уставот, како што не е против Хрвати во Уставот.

Многумина од етничките Бугари бо Македонија, без разлика дали се македонски од Источна Србија или Бугарија тие се лојални граѓани на Македонија. Пендиков не е Бугарин тој е криминалец, вели Клековски.

За Клековски и неговата партија проблем било тоа што внесувањето на Бугарите во Уставот го разбирале како уцена.

-Прашањето е дека е барање под уцена и диктат. Хрватите ќе ги внесеме во Уставот никој не прави проблем за Хрватите во Уставот дури ги заборавивме во дебата, додаде тој.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде