ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: Воз прегазил и усмртил пет мажи кои работеле на ноќното одржување на железничка станица во областа на Торино

Воз прегазил и усмртил пет мажи кои работеле на железница во областа на Торино во северна Италија, објавија локалните медиуми.

Двајца други работници се повредени, јави новинската агенција АНСА. Несреќата се случила околу полноќ во општина Брандицо, дел од градското подрачје на Торино.

Според извештаите, мажите работеле во компанија која изведувала работи за замена на делови од железницата,

која ги поврзува главните северни градови Торино и Милано, кога биле прегазени од локомотива што превезувала празни вагони од Алесандрија до Торино.

Италијанските медиуми, меѓу кои и ANSA и Corriere della Sera, објавија дека возот се движел со брзина од 160 километри на час.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде