Каде отиде? Ова што се случува е лудо! Рековме 100 пати, ве молиме да не се движите! – страшно невреме погоди делови од Грција

Регионот Магнезија и Споради во Грција се соочува со лошо време кое предизвика голем број проблеми.

Регионот се соочува со бура наречена „Даниел“. Лошото време трае веќе неколку часа, пренесува српскиот портал Република.

Во градот Волос, сообраќајот на обиколницата е во прекин, а возилата се заглавени кај Пантесаликос. Противпожарните екипи се обидуваат да ги ослободат возачите. Исто така, вода влегла во една соба од болницата во Волос.

Градоначалникот на Волос, Ахилеја Беос, излезе од градското собрание и ги праша возачите зошто возат по поплавените улици, нагласувајќи дека луѓето биле предупредени за опасност од поплави.

-Каде отиде? Ова што се случува е лудо! Рековме 100 пати, ве молиме да не се движите. Каде отиде?

Од вчера ви кажуваме, реките ќе се излеат, знаете ли дека доаѓа водата? Одете дома – вели градоначалникот на Ахилеја Беос во видеото објавено на Фејсбук.

Грчките медиуми јавуваат дека гром удрил неколку пати во текот на ноќта, додека во раните утрински часови силен ветер ја погодил општината Агиа и брегот на Лариса, предизвикувајќи прекин на електричната енергија во многу села во областа.

Некои села останаа без струја, дрвјата беа срушени од невремето, а граѓаните беа повикани да не излегуваат надвор освен ако е апсолутно неопходно.

Во Волос сите јавни служби беа затворени, вработените останаа дома, а училиштата ја прекинаа наставата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде