ВИДЕО: Апокалиптични сцени од Грција

Невремето „Данијел“ направи хаос во делови од Грција, а како што пренесуваат медиумите, силните ветрови однеле автомобили во морето.

Како што пренесува „Прототема“, невремето создало големи проблеми и непогоди на крајбрежниот фронт на Пелион, а особено во приморското село Агиос Јоанис.

Количеството на вода што паднало на тој простор било толку големо што дури и автомобилите кои биле паркирани на централниот паркинг биле однесени.

Некои автомобили завршија во морето, како што се гледа на шокантното видео на Фејсбук.

На видеото се гледа едно скршено возило, додека друг автомобил го носат големите бранови.

Еден човек загина во поплавите во Волос, централна Грција.

Пожарникарите биле повикани да спасат едно лице во Волос, но кога пристигнале пронашле мртов маж, објави грчкиот „И Катимерини“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде