УЖАС: Избодени две лица, итно пренесени во болница

Арачиновец со нож избодел две лица кои му укажале дека не смее да вози по плочникот во ТЦ „Бисер“ во Аеродром, кој е пешачка зона. Како што стои во соопштението на Основното јавно обвинителство, на 11 септември осомничениот се обидел со умисла да лиши од живот две лица, кои вербално протестирале затоа што со голема брзина возел автомобил „ленд ровер“ по плочникот кај трговскиот центар „Бисер“ во Аеродром, предизвикувајќи значителна опасност за животот на луѓето.

„Во моментот кога оштетените му забележале за опасноста што ја предизвикува, тој завртел со возилото и со голема брзина се упатил кон нив со намера да ги прегази.

Тие се тргнале, па осомничениот излегол од автомобилот со нож во рака и на двајцата им нанел по четири убодни рани, предизвикувајќи им повеќе тешки телесни повреди.

Во тој момент се собрала поголема група граѓани кои почнале да викаат и му се спротивставиле на осомничениот, со што го спречиле да го доврши кривичното дело, па тој се вратил во неговото возило и го напуштил местото“, велат од Обвинителството.

Обвинителството поведе истражна постапка против 33-годишникот од Арачиново, бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривично дело убиство во обид.

Освен тоа, за осомничениот е поведена постапка и за предизвикување општа опасност.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот,

бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, можност да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го доврши кривичното дело.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде