Поранешниот премиер Никола Груевски очигледно им е ноќна мора и на власта и на опозицијата, како во македонскиот, така и во албанскиот блок на политички партии кои во изминатите неколку денови не престанаа да го коментираат евентуалното враќање на Груевски во Македонија.
Она што “зачудува”, се изјавите на функционери на ВМРО-ДПМНЕ, кои го напаѓаат Груевски како најголем непријател.
Претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов, во гостување во Само вистина на Канал 5 истакна дека тој сака Груевски да се врати во државава, но за да одговара.
– Јас сум за Груевски да се врати во државата, но за да си одговара, секој што се огрешил пред законот да си одговара, рече Пандов.
Претходно и Христијан Мицкоски изјавуваше дека ќе го става Груевски во затвор, со истите зборови, дека секој кој се огрешил пред законот треба да си одговара.