Во Македонија во вторник ќе преовладува облачно и нестабилно време со пообилни врнежи од дожд, ветровито и свежо време, со дополнителен пад на дневните температури.
Пообилни врнежи се очекуваат во западните, северозападните и источните предели каде што локално ќе наврнат и до 20-25 литри дожд.
Над 2500 метри надморска висина со врнежи од снег. Ќе дува доумерен ветер од променлив правец кој што ќе достигне брзина и до 15 км/ч.
Минималните температури ќе се движат во интервал од 2 до 11 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 7 односно до 15 степени, прогнозираат од Weather4all за 4NEWS.mk
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во текот на ноќта вторник кон среда врнежите од дожд ќе продолжат и во утринските часови ќе престануваат.
Во среда во утринските часови по котлините ќе имаме појава на магла. Во текот на денот ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди, ветровито и потопло време. Минималните температури од 4 до 13 степени, додека пак дневните ќе се движат од 13 до 21 степени.
Во четврток и петок по свежото утро со утрински температури од 3 до 12 односно од 2 до 11 степени, во текот на денот ќе преовладува претежно сончево време со појава на локална облачност и топло време. Максималните дневни температури ќе достигнат од 16 до 24 односно од 18 до 26 степени.
Во сабота во Македонија ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди и топло време. Во попладневните часови со услови за локални врнежи од дожд. Минималните температури од 5 до 14 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат од 18 до 26 степени.