54 годишниот Метју Пери беше познат по улогата на Чендлер Бинг во серијата „Пријатели“.Тој е пронајден мртов во својот дом во Лос Анџелес, јавуваат американските медиуми.
– Длабоко сме потресени од смртта на нашиот драг пријател Метју Пери. Тој беше неверојатно талентиран актер. Влијанието на неговиот комичен гениј се почувствува низ целиот свет, а неговото наследство ќе живее во срцата на многумина.
Ова е ден кога нашите срца се скршени. Испраќаме љубов до неговото семејство, најблиските и неговите фанови – соопшти Warner Bros.
Телевизија, која го продуцираше „Пријатели“.
Според Лос Анџелес Тајмс, кој прв ја објави приказната, Пери очигледно се удавил во својата када.
Полицијата во 16 часот по локално време пристигнала во домот на актерот и го пронашла телото на актерот. Нема индиции дека се работи за насилна смрт, истрагата е во тек, а се уште нема официјално соопштение за причините за смртта.
Екипа на брзата помош го пронашла Пери во несвест во када со топла вода во неговиот дом во Лос Анџелес. Обидите за реанимација биле неуспешни.