Почина Александар Диневски, поранешен контраразузнавач и еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ,
кој во јавноста стана познат како дел од таканаречените „осумтемина“, од последните години пред распадот на екс-Југославија, настан со кој се навести демократизацијата во Македонија.
Диневски беше еден од осудените во аферата „Шпион“, која до денеска ја следат бројни контроверзи и сè уште нема правосилна пресуда.
Речиси целиот свој работен век Диневски го поминал како дел од безбедносните служби во Македонија, пред се во Службата за државна безбедност.
При распадот на Југославија, заедно со уште седум други колеги успеале да ја одземат воената евиденција на ЈНА и територијалната одбрана, со што спасиле многу млади Македонци од присилна регрутација и испраќање на бившојугословенските фронтови.
Во 90-тите години Александар Диевски беше дел од информативниот центар на партијата ВМРО-ДПМНЕ, познат како КСИО.