СОУГ ,,Кирил Пејчиновиќ” од Тетово денеска соопшти дека почина професорот Никола Лочев.
„Со особена жалост денеска се простуваме од, нашиот драг колега во пензија, професорот Никола Лочев.
Неговата неуморна и беспрекорна работа остави неизбришлив печат врз нашата гимназија образовајќи цела армија на успешни млади луѓе.
Неговата големина како човек, педагог, професор, неговите лекции, совети и искуства и понатаму ќе бидат непресушен извор за нашата работа.
Нека Ви е светол патот.Почивајте во мир!
Последен поздрав од колективот на СОУГ ,,Кирил Пејчиновиќ”, стои во објавата на Фејсбук.