Се уште е во предистражна постапка убиство во Кочани, кога поранешниот партнер со над 40 убоди од нож пред нејзината куќа ја усмрти 46годишната кочанчанка, објави Алфа телевизија.
И по речиси четири месеци од свирепото убиство, предметот се уште е во предистражна постапка.
Претседателката на кочанскиот Основен суд за Алфа вели дека предметот се уште е во истрага и тие како инсутуција немат добиено обвинение за случајот.
Во меѓувреме пак од Обвинителство кратко брефираат дека истрагата за случајот е во тек, не откривајки други детали.
Свирепото убиство се случи на 25 септември минатата година. Тогаш убиецот во раните утрински часови, пред да замине на работа ја начекал својата жртва и со кујнски нож, нанесувајќи и над 40 убоди во градите, стомакот, вратот и рацете ја лиши од живот. 59годишниот маж по убиството ја почекал полицијата и се предал.
Агонијата на жртвата траела седум години. Живеела со закани и била уценува од него со наводно компромитирачки фотографии. Иако во април минатата година дури и го пријавила, нејзината пријава не била сватена сериозно.
Тогаш од ОЈО брефираа дека била уценувана во врска со кредит и дека немало закани по нејзиниот живот и загрозување на сигурноста.
Прилогот погледнете го ТУКА
Извор: Алфа телевизија