66-годишник од Струга физички нападнал службено лице.
– На 15.02.2024 во 13.35 часот во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода П.Ш.(66) од Струга затоа што претходно во Одделението за управни работи во Струга физички нападнал вработен во Одделението за управни работи, информираа од МВР во дневниот билтен.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Издавањето проблем, сликањето уште поголем. МВР мака мачи да обезбеди образец плус за пасош. Оттаму за Телма потврдуваат дека процесот ќе запрел, но фирмата добавувач интервентно испорачала минимална количина.
Така ќе биде и во наредниот период, а поголема пратка се очекува до крајот на месецот.
Рекордите на заменети пасоши кои достигнуваат и над 170.000 патни исправи за месеците декември- јануари не може да ги следи фирмата која го добила тендерот за изработка на обрасци.
Фото: Архива/Илустрација