Трагедија утрово го потресе регионот: Три млади лица загинаа во сообраќајка, две девојки се борат за живот

Тројца млади лица лица загинаа во сообраќајна несреќа што се случи ноќта меѓу саботата и неделата на патот Бар – Улцињ, соопшти црногорската полиција.

„Во оваа сообраќајна несреќа загинаа Д.М.(21) од Улцињ, Б.Б.(20) од Бар и Н.Д.(18) од Рожај“, информираат од полицијата.

Во Општата болница Бар се хоспитализирани Љ.П.(18) и А.В.(18) од Бар, кои се здобиле со повреди опасни по живот.

До несреќата дошло како последица на судир на автомобил „ауди а3“ со улцински регистарски ознаки управуван од Н.Д. и возило „сеат“ со барски регистерски таблици управуван од Б.Б.(20).

Околностите под кои се случила сообраќајната несреќа ќе бидат познати по резултатите од истрагата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде