Драстична промена на времето – Синоптичарите ја објавија најновата прогноза

Утре долж Повардарието наместа повремено ќе засилува северен ветер.

Од почетокот на неделата облачноста ќе се зголеми и во вторник ќе има појава на врнежи дожд. Во деновите потоа ќе има слаби услови за појава на краткотраен дожд.

Прогноза за 19.02.2024
Минимална температура: -5°C до 4°C
Максимална температура: 10°C до 17°C

Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 20.02.2024
Минимална температура: -2°C до 7°C
Максимална температура: 7°C до 14°C

Променливо облачно со локален повремен дожд. Ќе дува слаб ветер од северен правец.

Прогноза за 21.02.2024
Минимална температура: -1°C до 5°C
Максимална температура: 8°C до 15°C

Променливо облачно со сончеви периоди, а во планинските региони со услови за појава на краткотарен дожд. Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде