Трагична вест: 43-годишен маж пронајден мртов

Во Полициската станица Кисела Вода вчера во 11.20 часот било пријавено дека во сместувачки објект на подрачје на Кисела Вода бил пронајден починат Д.Х.(43) од Република Србија.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство,

а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде