Војната во Палестина денеска го зеде за жртва познатиот поранешен фудбалер и репрезентативец Мохамед Баракат (39).
Легендата на палестинскиот фудбал бил во својата семејна куќа кога се случил воздушниот напад.
Триесет и девет годишниот Баракат е убиен во куќа која била погодена од граната, јавуваат палестинските медиуми. Славниот фудбалер прв стигна до сто гола во пакистанската лига.
Мохамед играше и фудбал на плажа и класичен фудбал, а имајќи предвид дека Палестина не учествуваше на натпревари под капата на ФИФА, па затоа одигра само мал број натпревари, а споменатиот ас само три пати го облече репрезентативниот дрес.
Играјќи за палестинскиот национален фудбалски тим на плажа, тој го доби прекарот Легендата на Кан Јунис, поради неговите извонредни настапи за тамошниот клуб.
Mohammed Barakat, a Palestinian football player, was born in Khan Younis in 1984. He gained widespread recognition as the historic top scorer and star of the Palestinian national team. He became the first Palestinian striker to reach 100 goals and was one of the best scorers in… pic.twitter.com/3OD6BN2Fm3
— PALESTINE ONLINE 🇵🇸 (@OnlinePalEng) March 11, 2024