Апсење на полицијата на повеќе локации низ Македонија

На 12.03.2024 во 03.30 часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес го лишиле од слобода Ј.К.(63) од Велес. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, во дворот биле пронајдени и одземени неколку пакувања со бела прашкаста материја. Лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 12.03.2024 во 13.10 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје ја лишиле од слобода Н.С.(51) од Тетово, со престој во Скопје. При претрес во нејзиниот дом, извршен со наредба на Основен кривичен суд Скопје, била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја. Таа била задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера (12 март) околу 17.30 часот на улица „Илинденска“ во Гостивар го лишиле од слобода Џ.А.(64) од Виница. Тој се сомничи дека претходно во трговски објект на истата улица одзел повеќе предмети. Тој е задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

На 12.03.2024 во 13.30 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.Р.(19) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 12.03.2024 во 16.10 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода Е.Н.(30) од Скопје затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 12.03.2024 во Штип, полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода М.К.(31) од Штип. Тој бил фатен при вршење на кривично дело „тешка кражба“ од стан во Штип, сопственост на Г.Т.(62) и Ф.К.(56), двете од Штип. Лицето било задржано во полициска станица, за случајот бил запознаен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде