СТРАШНО: СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Индонезија

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска брегот на индонезискиот остров Јава, на длабочина од 10 километри, соопшти Агенцијата за метеорологија, клима и геофизика на Индонезија (БМКГ).

Епицентарот на земјотресот бил на 132 километри северно од Тубан во провинцијата Источна Јава, а не е издадено предупредување за цунами.

Според објавите на корисниците на социјалните мрежи, земјотресот бил силно почувствуван во Источна Јава, во нејзиниот главен град Сурабаја, како и во градовите во соседните провинции.

Засега нема информации за материјална штета или евентуални жртви.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде