На 51 година почина познатиот автор и продуцент на електронска музика Мирко Попов.
Тој пред неколку дена беше хоспитализиран на Клиниката за реанимација и интензивно лекување по обилно мозочно крварење, а според информациите починал попладнево на Клиниката за неврохирургија.
За жал, обидите на лекарите да го реанимираат биле неуспешни.
Попов е македонски диџеј и продуцент на електронска музика, кој со оваа професија се занимаваше уште од осумдесеттите години.
Тој е основоположник на PMG Production, а има одиграно и во неколку театарски претстави и филмови.