Кој зема најниска плати во Македонија? ДАЛИ ЗНАЕТЕ?

Како што деновиве објави Државниот завод за статистика (ДЗС), најниската просечна нето-плата ја земаат вработените во секторот Заштитни и истражни дејности – 18.800 денари.

Потоа следи секторот Услуги поврзани со одржување на згради и дејности на уредување и одржување на животна средина и природа – 23.197 денари,

па Производство на кожа и слични производи од кожа – 23.787 денари, Рибарство и аквакултура – 24.652 денари и Производство на облека – 25.317 денари.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни годинава изнесува 36.527 денари.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде