Последна вест: Приведено уште едно лице за убиството на лекарот

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски денеска информираше дека приведено било уште едно лице за убиството на матичниот лекар Ацо Трпковски.

„Согласно моите информации, приведено е уште едно лице и сега се три. Претресот е завршен во доцните вечерни часови.

Се продолжува со други истражни дејствија за да се утврди фактичката состојба.

Штом има други информации,ќе ја информирам јавноста“, рече Тошковски.

Вчера Тошковски информираше дека биле приведени две лица, а додаде и дека мотивите за убиството на докторот не биле поврзани со неговата професија. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде