Метео анализа на Славчо Попоски:
Почитувани, сведоци сме на огромна промена на времето на Балканскиот Полуостров. Силниот и ладен Атмосферски фронт кој го најавивме денес во многу делови од регионот условува обилни врнежи од снег,
а снежна покривка освен на планините, каде таа понекаде изнесува дури и до 20 сантиметри, се формираше понекаде и на пониските места, особено во Босна.
Снегот во Босна прави и проблеми поради тоа што е влажен и тежок, а некои делови од оваа земја се и без електрична енергија, а има и паднати гранки поради тежината на снегот.
Погледнете како изгледа Тузла утринава
Планината Власиќ утрово