Автомобил удри дете – со тешки повреди итно пренесено во болница

Малолетник, пешак е тешко повреден со несреќа на ул.„Методија Митевски“ во Скопје. Автомобил „форд“ управуван од 41 годишен скопјанец удрил во пешакот .

„ На 21.4.2024 во 15.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Методија Митевски“ во Скопје патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(41) од Скопје удрило во пешак-малолетник од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот.“ велат од МВР.

Малолетникот е веднаш префрлен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

На местото на несреќата извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде