Некогашниот кошаркар на ЛА Лејкерс Дариус Морис почина на 33-годишна возраст.
Информацијата на социјалната мрежа „Икс“ ја објави новинарот на ЕСПН Шамс Чарнија.
Морис беше драфтуван како 41. пик на драфтот во 2011 година, а играше за Филаделфија, ЛА Клиперс, Мемфис, Бруклин.
Тој во НБА мина четири сезони.