ДРАМА: Полиција влезе во домот на Боки додека беше на подкаст кај Лазаров

Синоќа со почеток од 20 часот се емитуваше вториот дел, второто гостување на Бојан Јовановски- Боки 13 кај јутјуберот Стефан Лазаров.

По извесно време, подкастот мораше да биде прекинат откако на Јовановски му јавија дека има полиција во домот кај неговите родители.

Боки откако се јави на неговата мајка ја напушти емисијатаа потоа се врати и опиша што се случило.

– Се слушнав со мајка ми, видно вознемирена, во два наврати доаѓало полиција во мојот дом во Тафталиџе. Ме бараат на информативен разговор.

Пријавен сум по член 144 од КЗ, тоа е загрозување на безбедност.

Моите информации велат дека Зоран Милески – Кичеец ме пријавил дека јас сум му ја загрозил безбедноста со тоа што сум споменал јавно и сум објавил дека тој стои позади заканите и тој е човекот што сакаше да ме замолчи, рече Јовановски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде