Пејачот Владо Георгиев објави тажна вест: Почина познатиот музичар и член на бендот со кој настапуваше со години

Пејачот Владо Георгиев на својот Инстаграм профил објави за смртта на својот пријател и деловен соработник.

Имено, починал еден од членовите на бендот со кој со години настапуваше Владо Георгиев, а пејачот со трогателни зборови се прости од својот пријател.

– Нашиот Млаѓо отиде засекогаш, нашиот најдобар пријател и брат и еден од најдобрите и најчесните луѓе што сум ги сретнал… Беспрекорно чиста душа, гениј кој водел осаменички живот како што само тој можел и сакал.

Останува огромна тага и празнина. Почивај во мир и нека ти е вечното царство небесно, драг мој Ѓомлице, никогаш нема да те заборавиме драг наш брат, јас и моето семејство и целиот бенд те сакаме засекогаш.

Збогум генијалецу…почивај во мир. Espera, aún la nave del olvido no ha partido…

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде