ОКОЛУ 5 ЈУНИ ДОАЃА НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО ВРЕМЕ КОЕ ЌЕ ДОНЕСЕ ДУРИ И СНЕГ: Температурите нагло ќе опаднат на европскиот континент

Веќе околу, па  и по 5 јуни од северозапад во европа ќе навлезе многу поладен воздух кој нагло ќе ги спушти температурите на воздухот далеку под просекот за месец јуни. 

Покрај ова овој ладен воздух ќе биде придружен и со силен циклон кој во северна па и во делови од централна Европа ќе предизвика пообилни врнежи од дожд и снег, предупредува метеорологот Славчо Попоски.

„Дури не се исклучува можноста овој ладен бран да предизвика и појава на утрински мраз, особено на повисоките и на планинските места.

Секако дека ова е невообичаено за овој дел од годината“, вели тој.

Извор: Фактор

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде