Голема трагедија го потресе светот: Училишен автобус со деца без родители излета од патот, најмалку седум загинати

Најмалку седум лица се удавија, а 20 се повредени, од кои повеќето деца, кога училишен автобус излетал од патот и паднал во река во северозападна Сирија, соопштија локалните власти, пренесува „Еј-би-си њуз“.

Несреќата се случила во близина на градот Даркуш, западно од градот Идлиб, кога автобусот паднал во реката Оронтес.

Спасувачките тимови околу шест часа бараа преживеани на карпите и во реката, додаваат тие.

Засега не е јасно поради што автобусот излетал од патот.

Ахмад Гандур, лекар во болницата во Даркуш, која ги прими жртвите, рече дека учениците и наставниците во автобусот се од училиштето за деца без родители.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде