Тешко повреден маж во количка откако во него удрил автомобил

Вчераво 07.50 часот во СВР Струмица, било пријавено дека на крстосницата од бул.„Ленинова“, ул.„Браќа Миладинови“ и ул.„Цветан Димов“ во Струмица

патничко возило „фолксваген пасат” со струмички регистарски ознаки управувано од З.К.(59) од Струмица удрило во инвалидска количка управувана од П.К.(86) од с.Добрејци, струмичко.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил П.К. констатирани во Медицинскиот центар Струмица.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Струмица.

Фото: Илустрација

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде