На 09.06.2024 во 02.35 часот во Полициската станица Кочани, К.А.(31) од Кочани пријавила дека околу 01.30 часот пред угостителски објект во Кочани била физички нападната од едно женско лице,
а потоа околу 02.30 часот во дворното место од нејзината семејната куќа неколку машки и женски лица се заканувале на неа и нејзиниот сопруг Д.А.,
фрлале тврди предмети и ги оштетиле нивното и возилата на М.А. и М.А., М.Ѓ. и Д.Ѓ., кои биле во нејзиниот двор.
За настанот е запознаен надлежен јавен обвинител.
Се работи на целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.