Дожд со силен ветер попладнево го погоди Неготино и предизвика штети во градот.
Во старата чаршија има паднато дрво и искршен е инвентар на летниковци на кафулиња, а веќе се започна со расчистување на просторот погоден од невремето.
Граѓани известуваат за искршени гранки и на други локации низ градот, и истовремено апелираат надлежните служби да извршат навремени проверки на дрвата низ градот,
односно навремено да ги исечат оние кои се веќе гнили, бидејќи се потенцијална опасност во случај на невреме.
Одреден период, додека траеше невремето, имаше и прекин на електричната енергија.