Силно невреме утрово го погоди овој македонски град

Славчо Попоски утрово објави дека силно невреме го погоди регионот на Крива Паланка.

Големо невреме со силен град во моментов во Крива Паланка, напиша Попоски и сподели фотографија.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. UV=7

Во Скопје променливо облачно, претпладне со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 28 степени.

За време на викендот ќе преовладува стабилно време, а во почетокот на следната седмица во попладневните часови повторно ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде