ТРАГЕДИЈА утрово го потресе фудбалскиот свет: На 26-годишна возраст почина репрезентативец на Црна Гора

Црногорскиот голман Матија Шаркиќ почина на 26-годишна возраст, јавува „RTCG“.

Шаркиќ починал околу 6:30 часот во Будва, полицијата е на лице место, се истражуваат сите околности, но најверојатно се работи за природна смрт.

На голманот на црногорската репрезентација му се слошило во станот во Будва, пријателите веднаш повикале брза помош, но за жал немало помош за него.

Шаркиќ пред десетина дена ја воодушеви црногорската јавност со одличните одбрани на мечот со Белгија, се чинеше дека „храбрите соколи“ добија голман за следната деценија, но прерана смрт ги спречи во тоа.

Ги бранеше боите на многу клубови на Островот, каде што е роден (Гримсби), а во летото 2023 година се пресели од Волвс во Милвол.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде