Фејсбук пост на Фросина Фро:
ВНИМАНИЕ !!! СПОДЕЛЕТЕ !!!
Се работи за жената која изврши двојно убиство во Кратово. Податоците што ги добив е од нејзин многу близок извор, од прва рака што се вели, кој сакаше да остане анонимен!
Жената која ги убила сопругот и свекорот е од Скопје, мажена во Кратово 13 години, за алкохоличар со традиција. Тоа значи дека и неговиот татко, свекорот, бил алкохоличар, додека свекрвата исто така била на нивна страна, па понекогаш и таа удирала по неа со бастунот, ако дадела отпор на ќотекот. Жената, според изворот, е грижлива мајка, со превоспитани, уредни и средени деца кои се капацитет.
*НАСИЛСТВОТО ВРЗ НЕА Е ПРИЈАВУВАНО ВО ПОЛИЦИЈА, ВО СОЦИЈАЛНИ СЛУЖБИ И ТОА МНОГУ ПАТИ. БЕЗ НИКАКОВ ИСХОД. ЗА НЕКОЕ “ЧУДО” НАРЕДНИОТ ДЕН ПОСЛЕ ПРИЈАВИТЕ, ПРИЈАВИТЕ БИЛЕ ПОВЛЕКУВАНИ, НО НЕ ОД НЕА. КОГО ШТИТАТ ЦАЈКАНИТЕ КОИ СЕ НЕГОВИ СОГРАЃАНИ И ДРУГАРИ, А?
Жената, која според изворот била тепана секој божји ден и која во сред лето одела со дуксер за да не и се гледаат модриците и така со години, од убава и здрава жена е претворена во парче месо од 40 кг. Бидејќи институциите не реагирале соодветно, секој пат кога сакала да замине, насилникот не и ги давал децата, а мајка, грижлива и полна со љубов, за децата да се со неа, избрала ќотек секој ден.
Најчесто единствениот оброк кој го имале нејзините деца е оброкот во градинка и во училиште, каде таа секојдневно прашувала дали се јадени, бидејќи дома пари нема, потрошени се на алкохол. Свекрвата која сега на ТВ е “потресена” бидејќи е инвалид и ќе немало кој да ја чува, исто така учествувала со нејзиното инвалидско помагало во ќотекот, без да и е гајле тоа што нејзините внуци се гладни. Битно на снаата и викала дека жена не смее да враќа на маж.
Три дена пред нејзиниот спас, кој не го нашла по легален пат во институциите, се случува повторно претепување, каде овој пат жената е избркана од дома, насилникот и вика да се врати во Скопје и и ја заклучува вратата, но децата не и ги дава. Жената, која се плаши за животот на своите деца оставени во раце на насилникот и психопат, место да замине во Скопје, бидејќи тој и ги затворил вратите, решава да спие пред куќа, на улица. Три дена на улица пред куќа спие и бдее над децата од страв да не им се случи нешто. Инвалидот од свекрва не го спомна тоа во изјавата на ТВ ШИТЕЛ. Зошто? Жена на жена е најголем душман. Ама што очекувате од жена која израснала психопат и алкохоличар? После три дена преспани надвор, гладна и тепана, влегува во расправија со психото за децата, каде го убива него, а веднаш потоа и свекорот кој заедно ја тепале со син му.
*ЗА ОВА УБИСТВО НЕ Е ВИНОВНА ЖЕНАТА. ВИНОВНИ СЕ ИНСТИТУЦИИТЕ КОИ ПОВЛЕКУВАЛЕ ПРИЈАВИ, СОЦИЈАЛНИТЕ СЛУЖБИ КОИ НИШТО НЕ РАБОТАТ И СИТЕ ОНИЕ КОИ ОСТАНАЛЕ РАМНОДУШНИ И СЕ ПОТРГАЛЕ НА СТРАНА КОГА ЖЕНАВА БАРАЛА ПОМОШ, ЗАТОА ШТО НЕ САКАЛЕ ДА СЕ ПЛЕТКААТ СО ТАКОВ БУДАЛА.
*БИ ВЕ ЗАМОЛИЛА ДА СПОДЕЛИТЕ И ПОМОГНЕМЕ НА ЖЕНАТА ДА НАЈДЕ ДОБАР АДВОКАТ, КОЈ ЌЕ И ПОМОГНЕ ДА БИДЕ ОСЛОБОДЕНА, КАКО ШТО БЕШЕ ОСЛОБОДЕНА ПАЛЕ ОД ВЕЛЕС И ДА МОЖЕ ДА СИ ГИ ОДГЛЕДА НЕЈЗИНОТЕ ДЕЦА ВО ЗДРАВИ И СРЕЌНИ ЛИЧНОСТИ.