Последна вест: Силен земјотрес ја стресе Бугарија

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала ги погоди Пловдив и Асеновград.

Земјотресот е регистриран во 20 часот и 24 минути, со епицентар на околу 6 километри северно од Асеновград и на околу 16 километри југоисточно од Пловдив, на длабочина од 12,5 километри.

Засега нема информации за материјална штета или повредени лица.

Земјотресот се почувствувал на високите катови во станбените згради во Пловдив и луѓето излегле на улиците, јавува БНР.бг.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде